Страотен случај на врсничко насилство во Градско: Го тепале, му ги кинеле гаќите и учебниците на основец

Нов страотен случај на врсничко насилство се случи во Градско. Имено на деветооделенец од ООУ„Даме Груев“ соученици му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците. Основецот извесен период бил жртва на булинг и малтретирање од двајца соученици, а жртвата три недели не оди на училиште, објави веб порталот Дума.мк.

Насилниците според сведочењето на таткото долго време го малтретирале неговиот син, му го искинале долниот веш во два наврати, го влечеле по ходник. Откако е пријавено, училиштето ветило помош, но засега виновниците се уште одат во истото школо, а жртвата од срам и страв седи дома.

-Моето 14,5 годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11-ти ноември годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници, ние како родители не знаевме дека двајца соученици, од неговиот клас, и претходно му го искинале долниот веш, му удирале фиски по главата за да седи со свиткан жрбет на часовите за да не им го затвора видикот во училницата, му го уништувале училишниот прибор или му го фрлале низ училишниот прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам. Чашата ја прели последниот настан со кинењето на долниот веш. Јас отидов во училиштето. Разговарав со класниот раководител Благој Ристов и со директорката Таца Дукова. Тие ми кажаа дека веднаш ќе превземат мерки и ја спомнуваа педагошката мерка на преместување на двајцата соученици, кои што го малтретирале моето дете, во подрачното училиште во село Виничани. Потоа, по два дена, ме известија дека ќе ги преместат само во соседната училница. Тоа е причина што мојот син не оди веќе трета недела на училиште, вели родителот на малтретираниот основец И.Т.

Повеќе за млаката реакција на надлежните од училиштето, центарот за социјални работи обвинителството и полицијата прочитајте во сторијата на „Дума.мк”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот