Страотен пожар во централна Португалија, околу 1000 пожарникари вклучени во гаснењето

Околу 1.000 пожарникари и 15 противпожарни авиони беа вклучени во гаснење огнена стихија во централниот дел на Португалија.

Пожарот избувна во близина на Проенца а Нова, 200 километри северно од главниот град Лисабон.

Според пожарникарите, отежнувачки околности при гаснењето на пожарот се силните ветрови и специфична вегетација што многу лесно гори.

Повеќе од 20 лица беа евакуирани поради пожарот што избувна во неделата, додека пет пожарникари беа повредени откако се запали нивното возило.

Пред три години 106 лица загинаа во два големи пожари во таа држава. 

Прочитајте и...  Шведска руши ковид рекорди

Поврзани вести

И чеченскиот лидер Кадиров со обвинување за Макрон: Tој само го разгорува огнот, наместо да го гасне

Илинка Иљоска

Сите заклучоци од денешната седница на Владата

Слободен печат

Шефот на француската дипломатија: Повиците за бојкот на француските производи се ограничени

Илинка Иљоска

Дуел на ранети лавови

Слободен печат

Орбан изразува надеж дека Трамп ќе биде реизбран

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Областа околу Триумфалната капија во Париз евакуирана поради закана за бомба

Илинка Иљоска

Остави Коментар