Странските амбасадори го поддржаа Баша по вчерашниот хаос

Љуљзим Баша и Сали Бериша
Љуљзим Баша и Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

По вчерашната тензична ситуација и хаосот што се создаде по насилното влегување во седиштето на опозициската Демократска партија, од страна на историскиот лидер Сали Бериша и неговите приврзаници, денеска актуелниот лидер Љуљзим Баша имаше едночасовна средба со шест странски амбасадори.

На средбата, според Топ чанел, присуствувале амбасадорите на САД, Германија, Италија, Франција, Велика Британија и делегацијата на ЕУ.

-Амбасадорката на САД, Јури Ким, повторно даде шифрирана порака со чантата на која пишуваше: „Амбиција, почит, тимска работа”. По средбата амбасадорите на дадоа изјава, но нивната средба со Баша може да се разбере како поддршка за него, наведува телевизијата.

Баша, пак, даде куса изјава велејќи дека разговарале „за вчера, за денес и за утре”.

-Денешната средба со амбасадорите беше за вчера, за денес и за утре, рече Баша, се заблагодари на новинарите и влезе во просториите на партијата.

Расколот во опозицијата кулминираше вчера попладне кога Бериша насилно влезе во седиштето во момент кога Баша одржуваше средба со Форумот на млади.

На Националното собрание, што Бериша го свика на 11 декември Баша беше разрешен, а ден потоа на седница на Националнот совет Баша доби безрезервна поддршка, што треба да биде потврдена на 18 декември за кога тој закажа Национално собрание на партијата.

Недоразбирањата меѓу актуелниот и историскиот париски лидер, се појавија кога Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, по барање на американската амбасадорка Ким, откако САД го прогласија за персона нон грата поради вмешаност во корупција.

Хаос во Албанија: Приврзаниците на Бериша тргнаа да се пресметаат со приврзаниците на Баша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот