Странскиот танкер што го заробила иранската војска не е Британски

Од Велика Британија објавија дека танкерот што вчера го запленила иранската војска не половел под британско знаме.

– Колку што знаеме, нема британски интереси на тој брод – изјави портпарол на британската влада, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Иранската револуционерна гарда  вчера во Персискиот Залив заплени странски танкер со 12 членови на екипажот поради наводно шверцување на нафта.

Иранската државна телевизија објави дека танкерот бил пресретнат јужно од иранскиот остров Ларак, пренесе агенцијата АП.

Како што тврди иранската телевизија, танкерот шверцувал нафта која иранските шверцери ја продавале на странски клиенти.

Во извештајот не е наведено на која земја ` припаѓа на танкерот, ниту чии државјани се членовите на екипажот.

Веста за запленување на танкерот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и западните сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот