Странки се степале во просториите на МВР

Тројца граѓани, кои биле во управните служби на МВР како странки, се степале вчера попладне, соопшти полицијата.

„На 21.12.2021 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просториите на Управните служби на МВР, во зградата на МРТВ, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.М.(40) и Ш.М.Р.(38), двајцата од с.Мојанци, скопско, од една страна и С.К.(54) од с.Љубин, скопско, од друга страна, сите странки во службите“, велат од МВР.

Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот