Странец станал Македонец со лажни документи, кривична за двајца матичари

матично управа за водење матични книги (4)
Слободен печат. / Драган Митрески

Денеска Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Н.А. (28) од Ирбид-Јордан, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „поднесување лажни докази” казниво по член 366-а став 1 од КЗ и „употреба на исправа со невистинита содржина” од член 380 од КЗ, Е.Ј. (50) од Скопје и И.Ј. (39) поради постоење на основи на сомнение дека истите сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 од КЗ.

Првопријавениот Н.А. кривично дело го сторил на начин што како државјанин на Јордан во текот на месец Јуни 2019 преку поднесување на лажни податоци дека наводно е син на македонската државјанка В.Ш. од Скопје, се стекнал со македонско државјанство, македонски единствен матичен број на граѓанинот и извадил извод на родени, кој го употребил во постапка за добивање на македонска патна исправа. Истиот аплицирал за постапка за издавање патна исправа каде покрај останатите документи го приложил односно употребил и изводот за родени изваден од Управа за водење матични книгиПодрачно одделение Скопје.

Второпријавената Е.Ј., во текот на месец Јуни 2019 година, во својство на службено лице самостоен референт-матичар во Министерство за правда-Управа за водење матични книги-Подрачно одделение Скопје, по приемот на Барањето за определување на единствен матичен број на граѓанинот со податоци на првопријавениот Н.А., ја злоупотребила својата службена положба со неизвршување на својата службена должност и постапувајќи спротивно на чл.21 од Законот за матична евиденција. Истата без да изврши проверка на точноста на поднесените податоци содржани во документацијата и без да направи дополнителни проверки и да ја утврди точноста на податоците, проследила Барање до Одделението за управни работи за определување на матичен број, со што го сторила кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ.

Третопријавениот И.Ј. во својство на службено лице виш референт-матичар во Министерство за правда Управа за водење матични книги Подрачно одделение Скопје, пополнил и доставил Барање за определување матичен број за првопријавениот Н.А. до Одделот за граѓански работи-Секторот за управно надзорни работи, без да ја провери точноста на поднесените податоците кое нешто како матичар бил должен да го стори согласно чл.21 од Законот за матична за евиденција. И.Ј. го завел првопријавениот во Матичната книга на родени, преку својата шифра одредена од информатичкиот систем во Управата за водење на матични книги, ги внел податоците во електронскиот систем на Управата и на тој начин му овозможил да му биде изготвена и издадена македонска патна исправа, со што сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот