Странци уапсени на скопскиот аеродром

На граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје” вчера на влез во земјава биле приведени еден српски и еден турски државјанин, за кои имало назначена мерка „А” (апси).

Како што денеска информираат од МВР, околу 17.30 часот вчера на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје” за влез во нашата држава, при проверка на пасошот во оперативна евиденција е откриено дека Б.З.(24) од Србија се барал со потерница. Веднаш од полицискиске службеници е уапсен.

– Во 21 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје за влез во земјава по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С. (61) од Турција евидира со мерка „Aпси”. Тој бил уапсен и подоцна и е предаден на скопската полиција – извести МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот