Странци шверцувале дрога од Албанија

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвинителе акт против двајца државјани на Република Албанија. Тие се обвинети занеовластено производство и пуштање во промет  на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според ОЈО, на 11 овој месец тие во „голф“ со регистарски ознаки од Република Албанија во багажниот дел сокриле ранец во кој имало 1,7 килограми марихуана. Дрогата во Македонија ја внеле преку граничниот премин Блато со намера да ја продадат на купувачи во Гостивар.

Судија на претходна постапка на двајцата шверцери им одреди 30 дена притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот