Странци ограбиле две продавници во Скопје

Двајца државјани на Косово се осомничени за кривично дело тешка кражба, дело кое го реализирале на 11 овој месец во две продавници лоцирани во трговски центар во Скопје. Во пријавата е наведено дека тие украле јакна вредна 11.290 денари и елек во вредност од 6.290 денари.

„Првообвинетиот, на возраст од 19 години, влегувал во гардеробата на бутиците со намера да ја проба облеката. За тоа време второобвинетиот, на возраст од 22 години, стоел пред гардеробата и чувал стража. Првообвинетиот во згодна прилика ги отстранил бип алармите закачени на облеката и ја облекол на себе облеката, а потоа двајцата излегувале од продавницата“ извести ОЈО.

За двајцата крадци ОЈО од судија на претходна постапка побара да им одреди мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот