Стотици мртви и ранети во Триполи

Најмалку 121 лице загина, а 561 се повредени за десет дена откако почна офанзивата на либискиот командант Калифа Хафтар врз либискиот главен град Триполи, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Од канцеларијата на СЗО во Либија се осудуваат новите напади врз медицински персонал и возило на итна помош во Триполи. Не се наведува колкав е бројот на цивили меѓу настраданите.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во одделно соопштение истакна дека 13.500 луѓе се раселени во борбите, од кои 900 се сместени во прифатни центри.

Во жестоките борби од 4 април јужно од Триполи се судруваат силите на Владата за национално единство, која е призната од меѓународната заедница, и силите на командантот Хафтар.

Покрај копнените борби, двете страни секојдневно извршуваат и воздушни напади и меѓусебно се обвинуваат дека мета им се цивилите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот