Стотина милиони евра директна корист за хрватските превозници од влезот во Шенген

Фото: Принтскрин

Влезот во ЕУ како полноправна членка во јули 2013 година донесе слободен проток на стоки за Хрватска и нејзините бизнисмени, што остави позитивен белег во извозот на стоки на тој голем и најважен пазар, но со влезот во Шенген зоната, ќе биде отстранета последната алка од проверки на патници, што го забави преминувањето на границата.

Тешко е, велат во сите стопански здруженија од ХГК, ХУП до хрватските извозници, да се проценат и квантифицираат очекуваните ефекти, особено што влезот во еврозоната ќе се случи во исто време, но секако ќе го поедностави животот и на граѓаните и на економијата.

Исклучок во проценките за опипливи придобивки за бизнисот доаѓа од транспортниот сектор на ХГК, кој пресметал дека со влезот во Шенген, повеќе од 5 илјади меѓународни превозници во Хрватска ќе имаат 100 милиони евра директни придобивки годишно, информира Пословни хр.

„Превозот на стока ќе има корист пред се поради укинувањето на граничните контроли кон Словенија и Унгарија, а ќе заштеди и на побрза испорака на стоки, работно време на возачот и оптимално користење на одморот на возачот, како и дополнителна потрошувачка на гориво за време на чекање, што следствено има позитивно влијание врз животната средина“, нагласува Дарио Солдо, директор на транспортниот сектор ХГК.

Според неговите пресметки, во просек, земајќи ги предвид времињата на чекање, секој премин за нив значел загуба од 100 евра. Во текот на изминатата година, преку 3,2 милиони товарни возила и автобуси од Хрватска ја минале границата со Словенија и Унгарија, од кои една третина биле од хрватски превозници. Позитивен ефект очекуваат и превозниците кои исто така на граница чекаа и по неколку часа, а истото го предвидуваат и во железничкиот сообраќај.

 

Видео на денот