Стотина гости во хотел во Шпанија остануваат во изолација поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI

Стотина гости, сместени во хотел на шпанскиот остров Тенерифе, ќе останат во изолација 14 дена, бидејќи кај еден од гостите од Италија е потврден новиот коронавирус.

Уште две лица од десетчлена група на италијански туристи се позитивни на коронавирусот.

Останатите, како што покажаа тестотите, се негативни, изјави на прес-конференција за новинарите официјално лице на регионалната влада Марија Тереза Крус Овал, пренесува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот