24.8 C
Скопје

Стотина домаќинства не купуваат струја од ЕВН

Иако од први јануари 2019 година, домаќинствата може да купуваат електрична енергија на слободниот пазар, само стотина домаќинства тоа го прават. Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека набавката на струја од снабдувачите на слободниот пазар не е исплатливо за домаќинствата, затоа што таму струјата е поскапа.

Сметките што домаќинствата  ги плаќаат кај „ЕВН хоум“ како универзален снабдувач, кој продава струја по регулирана цена, се помали за  25 до 26 проценти.

– Само стотина домаќинства купуваат струја на слободниот пазар. Тоа се обично газди на големи компании што набавуваат струја за компанијата на слободниот пазар, па покрај тоа, си набавуваат струја и за своето домаќинство, или за домаќинствата на своите вработени – објасни претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на дебатата за енергетската транзиција до 2040 година.

Струјата на слободниот пазар, пак, е интересна не само за големите компании, туку и за мали фирми како што се бурекџилници, берберници, продавници… Според податоците од Регулаторната комисија за енергетика, 93 до 94 проценти од малите фирми се на слободен пазар.

– Порано, тие требаше да плаќаат таканаречена индустриска струја и нивните сметки беа значително повисоки. Нивните сметки сега се за 29 до 30 проценти помали, отколку кога струја не би ја купувале на слободен пазар.

Бислимоски оцени дека слободниот пазар добро функционира, а тоа се гледа преку конкуренцијата, преку намалувањето на цените и преку промената на снабдувачите. Односно, фирмите кога ќе забележат дека некој нуди поатрактивна цена одат кај него.

– Од просекот на ЕУ имаме поголема промена на снабдувач и сме на нивото на Австрија, Финска и Данска – рече Бислимоски.

Во Македонија има доста голем избор на пазарот на струја, односно има 21 трговци и снабдувачи.

Кога се воведе либерализацијата за домаќинствата се остави еден период на прилагодување, за да веднаш не дојде до значајно зголемување на цените на струјата, онака како што се на слободниот пазар. Но, процесот на отворање кон тој пазар, постепено тече. „ЕВН хоум“ како универзален снабдувач во 2019 година, најмалку 80 проценти од вкупните потреби требаше да ги обезбеди од домашно производство на струја, во 2020 најмалку 75 отсто, за 2021 обврската е најмалку 70 отсто, во 2022 година 60 проценти па сѐ до 2025 година, кога, според обврската, треба да обезбеди најмалку 30 проценти. Цената на домашната струја ја контролира регулаторот. Доколку ЕСМ, како компанија што управува со домашното производство на струја,  не биде во можност да одговори на ваквите обврски, тогаш универзалниот снабдувач ќе може да ги надополни потребите од слободниот пазар согласно утврдените правила од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Поврзани вести

Мекафи се самоубил

Слободен печат

Логар: Европската иднина на Западен Балкан е меѓу приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ

Слободен печат

Со нож избодела сестрата близначка

Слободен печат

ВИДЕО | Торнадо ја опустоши Јужна Моравија: Автомобили паѓаа по куќи

Слободен печат

Спасовски домаќин на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии” во Охрид

Слободен печат

ВИДЕО | Безмалку 100 исчезнати во урнатата зграда на Флорида

Слободен печат

Остави Коментар