Стотици возила блокирани на границата меѓу Косово и Македонија

Стотици возила вечерва се блокирани кај Блаце, во меѓузоната на границата меѓу Косово и Македонија, објавува Алсат.

Повеќето од нив се со македонски регистарски ознаки. Неофицијално во моментов не е во функција системот за електронско евидентирање. Од таму велат дека засега тие се евидентираат мануелно. Тоа предизвика голема нервоза кај патниците бидејќи за неполни 30-тина минути почнува полицискиот час. Некои возачи велат дека повеќе од еден час македонските погранични власти не презеле ниту еден чекор за решавање на оваа состојба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот