Стотици туристи евакуирани по пожарот во Кефалониа (ВИДЕО)

Голем пожар избувна утрово во месноста Лурдата на јужниот дел од грчкиот остров Кефалониа, а според локалните медиуми, превентивно биле евакуирани туристи и жители.

Во справувањето со огнените јазици интервенираат 42 пожарникари со 12 возила и еден хеликоптер, а помагаат волонтери и цистерни на општината.

Според медиумите од островот, туристите, рано утрово биле известени за пожарот, ги земале нивните работи и смирено и без паника биле пренесени со автобуси. Некои од туристите, пак, според истите информации, не сакале да заминат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот