СТОТИЦИ СНАЈПЕРИСТИ го чуваа Папата (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат

За време на денешната историска посета на Папата Франциск, во Скопје стотици снајперисти распоредени по објектите во центарот на градот се грижеа за неговата безбедност.

Полицајците беа распоредени долж улиците каде поминуваше Папата, неговиот автомобил го следеа и хеликоптери.

Премиерот Заев на социјалните мрежи ја пофали полицијата и истакна дека безбедноста била на највисоко можно ниво.

„И денеска, за време на посетата на Папата Франциск на нашата земја, полицијата покажува подготвеност, целосна посветеност и високата професионалност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи. Нашите полициски службеници на највисоко ниво ја организираат безбедноста и сигурноста на сите граѓани на Северна Македонија, како и на високите гости кои доаѓаат во посета“, пишува премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот