Стотици мажи и жени поврзани со Исламската држава чекаат да бидат вратени во БиХ од Сирија

Сирија / Фото: EPA-EFE/AHMED MARDNLI

Полициските агенции во БиХ добиле информација дека во три логори со бегалци во Сирија се наоѓаат стотици мажи, односно 160 жени и деца, кои можат да се поврзат со Босна и во теорија имаат право да се вратат во оваа земја, но тоа ќе им се овозможи само доколку се потврди дека навистина станува збор за лица кои имаат босанскохерцеговско државјанство, соопштил министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ, пренесуваат локалните медиуми.

– За повеќето од тие лица испративме попис и побаравме по тој попис да бидат екстрадирани луѓе за кои овде веќе имаме подготвена казнена постапка – изјавил Мектиќ, пренесува РТРС.

Мектиќ додал дека нема прецизни информации за тоа што точно се случува со тие лица по турската интервенција на север во Сирија, каде имало и лица од логори во кои биле затворени заробеници поврзани со исламски терористички групи.

Мажите се поврзани со тероризам

Станува збор за мажи против кои во Босна од порано се отворени истраги и за кои е издадена меѓународна птоерница, под сомнение дека направиле казнено дело при поддржување на терористички организации.

Поради турската инвазија во Сирија, променет е и од порано подготвениот план за екстрадиција на девет заробени државјани на БиХ, а министерот Мектиќ рекол дека во Сараево немаат никакви информации за тоа што е со тие луѓе и каде се тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот