Стотици илјади маски пристигнуваат од Ватикан во Кина

Фото: EPA/YNA

Ватикан на својот официјален сјат објави дека маските се спакувани во вреќички од по 10 парчиња, и се со ознаката на папата Франциск, а се упатени во кинеските провинции Хубеи, Ѓенѓијанг и Фуџијанг.

Ватикан во Кина испратил стотици илјади медицински маски, како помош во борбата со епидемијата од коронавирусот, јавија  британските медиуми.

Ватикан на својот официјален сјат објави дека маските се спакувани во вреќички од по 10 парчиња, и се со ознаката на папата Франциск, а се упатени во кинеските провинции Хубеи, Ѓенѓијанг и Фуџијанг.

Патата Франциск претходно ја поздрави „големата посветеност” на Кина во сузбивањето на коронавирусот и рече дека се моли за умрените, болните и семејствата на жртвите.

Британските медиуми потсетуваат дека повеќедецениските заладени односи меѓу Ватикан и Пекинг се поправија од септември 2018 година, кога беше потпишан договорот за начинот на избор на католички бускупи во Кина.

Кина претходно вчера соопшти дека и се неопходни медицински маски, заштитни одела и  очила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот