Стотици банки мета на демонстрантите во Иран

Фото: EPA-EFE/VIDAR RUUD

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека САД се вклучени во „заговор” со кој беа предизвикани масовните, насилни демонстрации поради поскапувањето на горивата.

За време на протестите, демонстрантите нападнале стотици банки, полициски станици и бензински пумпи, соопштија официјални лица од Техеран.

Хаменеи својата проценка ја изнесе пред членовите на волонтерските сили на Револуционерната гарда, силите на Басиџ кои помагаат за сузбивање на демонстрациите.

Еден пратеник рече дека властите за време на протестите уапсиле повеќе од 7.000 луѓе, а еден службеник за безбедност тврдел дека демонстрантите се обиделе да ја заземат иранската државна телевизија.

Иранските власти не дадоа никакви информации за повредените, уапсените или загинатите во протестите што избувнаа на 15 ноември, кога Владата најави зголемување на цената на горивата.

Амнести Интернешнл соопшти дека загинале најмалку 143 лица, што Иран го оспорува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот