Стотици шишиња скапо вино пронајдени во грчката кралска палата

вина грчка палата
Фото: Profimedia

За време на реставрацијата на поранешната летна палата на грчкото кралско семејство во градот Татој северно од Атина, реставраторите пронашле стотици скапи шишиња вино и алкохолни пијалаци од Грција и странство.

Грчката министерка за култура Лина Мендони во неделата рече дека тоа се „откритија од големо историско значење“. Откриени се повеќе од 4.000 шишиња, а сега се прави обид да се утврди дали има уште.

Меѓу другите предмети, реставраторите пронашле шише виски од времето на крунисувањето на британската кралица Елизабета Втора на 6 февруари 1952 година и вината на Шато Марго, Шато де Винсенс и Шато Ротшилд, кои датираат од 19 век.

Летната палата „Татои“ и големата шума околу неа во моментов се развиваат како музејска и туристичка дестинација. Монархијата во Грција е укината во 1974 година по обновувањето на демократијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот