Стотици плажи во Грција стануваат достапни за луѓето со посебни потреби

Фото: Пекселс/ mikhail-nilov

Акцијата „Создавање интегрирани туристички достапни морски дестинации“ донесе резултати, повеќе од 250 плажи низ Грција станаа достапни за секого, пишува грчки „Мери Клер“.

Конкретно, како што е најавено, интервенциите на поширокото подрачје на плажите за капење се однесуваат на непостојаната инфраструктура, како што се пристапни рампи и коридори на плажа, отстранливи соблекувални, преносливи санитарни простори, површини за сенка и заштита на капачите, како и паркинг места за инвалиди.

Целта е да се обезбеди пристап до морето за лицата со посебни потреби и лицата со ограничена подвижност, како што се постарите, бремените жени, лицата со тешкотии во движењето, како и промоција на Грција на меѓународно ниво како достапна поморска туристичка дестинација.

Веста ја објави и меѓународната платформа „Гудњуз мувмент“ (Goodnews Movement), која репродуцира добри вести од целиот свет.

Фото: Инстаграм/ goodnews_movement

За да ги најдете сите достапни плажи кои се веќе воспоставени низ целата земја, посетете ја веб-страницата www.accessiblebeaches.gr.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот