Стотици граѓани на протест во Подгорица против гласање недоверба на Владата

Протести во Подгорица/ Фото: МИА

Стотици граѓани се собраа на вечерашниот митинг во Подгорица, во знак на протест против иницијативата за гласање недоверба на актуелната Влада и можното формирање малцинска влада, јави агенцијата МИНА.

Демонстрантите откако се собраа кај храмот „Христово Воскресение”, стигнаа до зградата на Собранието, а при протестната прошетка беше истакната паролата – „Гласовите се украдени за владата на ДПС”.

На присутните пред храмот им се обрати пратеникот на Демократска Црна Гора, Момо Копривица, кој им порача на насобраните граѓани да тргнат заедно „во одбрана на Црна Гора според потребите на сите нејзини граѓани”.

На протестот присуствуваа и претседателот на десницата на Црна Гора, Марко Милачиќ, пратениците од Демократите, Владимир Мартиновиќ и Данило Шарановиќ.

На протестот беа и демократските функционери Никола Ровчанин, Владимир Чаѓеновиќ, Марко Митровиќ.

Претходно беше најавено дека протести во Подгорица ќе се одржуваат во четврток и недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот