СТОРИЈА | Оливера Стамеска од Скопје: Прво ме обвини за киднапирање на нашите деца, па ми ја исклучи струјата за да нема како да учат!

„Дури кога порасна големиот син, престана со физичко и психичко насилство ама продолжија заканите, уцените кон мене и кон децата“ / Оливера Стамеска / Приватна архива
Учебната година почна без струја за децата на скопјанката Оливера Стамеска, откако поранешниот сопруг, ја исклучил струјата односно го одјавил броилото во ЕВН.

Поради нерасчистени формално правни односи по разводот, Стамеска иако има владение на куќата и во неа со децата живее со години, сепак нема струја. Откако летово заминала кај мајка и во Србија на вообичаена летна посета за распустот, екс сопругот влегол во домот, обиени биле сите врати, го одјавил броилото во ЕВН и ја обвинил дека му ги киднапирала децата.

Куќата уште е во процес на поделба ама во последните четири години тука живееме јас и децата. Додека бевме во Србија кај мајка ми, тој го иксклучил струјомерот и сега во куќата немаме струја. Децата се редовни ученици во основно и средно училиште. Инаку таткото последните седум години не сакаше да ги гледа децата иако има решение од центар за социјални работи, вели Стамеска за Слободен печат.

Кога таа отишла во ЕВН да праша зошто нема струја, оттаму добила одговор дека мора да го тужи поранешниот сопруг, за да може да докаже дека таа има владение над куќата па дури потоа ќе и биде овозможен повторен приклучок. Таа бара од институциите да и ја вратат струјата во куќата, затоа што со децата сега живее кај пријателка во еднособен стан, и покрај тоа што има куќа. Не и е јасно ниту како поранешниот сопруг успал во ЕВН да го исклучи броилото, затоа што куќата е во процес на поделба. Најдебелиот крај од оваа голгота го трпат децата, зашто нема како да учат, како нормално да функционираат, а стартот на учебната година е на прагот.

Голготата за Стамеска и нејзините два сина почнале во 2014 година кога таа и нејзиното семејство морале да бидат сместени во шелтер центар.

Дури кога порасна големиот син, престана со физичко и психичко насилство ама продолжија заканите, уцените кон мене и кон децата. Последно ме пријави дека сум ги киднапирала децата откако ги однесов кај мајка ми во Србија на одмор, иако седум години избегнува да ги гледа. Додека бевме кај мајка ми во Србија, не само што го деактивирал саатот за струја, туку и некој влегол во куќата и ги фрлил сите мои документи и фотографии со децата и ме исекол мене од фотографиите. Во сите институции е пријавен, ама ниедна институција не се прогласува за надлежна. Цело време насилството го врши со една личност блиска до поранешната власт, и заедно ни се закануваат дека ќе не уништат и мене и децата бидејќи секаде имаат врски, додава Стамеска.

Изминатите четири години, таа се соочува со демнење по улици, бркање од мистериозни автомобили.

И мене и малиот син не снимаат со камери од само ним познати причини. Скопје е мало и сите ги знаат, но никој не им може, додава револтираната мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот