Стопанската комора пред Уставен суд ја оспорува недела-неработен ден

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Уставниот суд информира дека Стопанската комора на Северна Македонија поднела две иницијативи да се оформат предмети во врска со недела-неработен ден.

Едната иницијатива се однесува на измените на Законот за работни односи со кој недела се прогласува за неработен ден, освен во одредени дејности кои се наведени како исклучоци.

„Подносителот го оспорува Законот за изменување и дополнување на Закон за работни односи објавен во „Службен весник на РСМ” бр.288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела.“, соопшти Уставниот суд.

Другата иницијатива се однесува на измените на Законот за трговија со кои трговија на мало не може да се врши во недела и на празници, освен во молови, на бензински пумпи, специјализирани продавници во туристички места, на манифестации-настани, зелени пазари и ако сопственикот сам си работи во дуќанот.

„Се оспоруваат одредби кои се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочни санкции. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото (член 8 алинеја 7), владеењето на правото (член 8 алинеја 3) и начелото на еднаквост (член 9) од Уставот“, информира Уставниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот