Стопанската комора: Без државна помош, големи компании ќе стават клуч поради скапата струја

Стопанската комора до денеска, за кога е закажана седница на Економскиот совет, и даде рок на Владата да донесе конкретни мерки за помош на компаниите или во спротивно тие ќе почнат да ги затвораат капацитетите. Стопанската комора предупредува дека сметките за струја зголемени и за 6 пати го доведоа стопанството во многу тешка состојба.

Процесот на отпуштање работници, намалување на производството и затворање на капацитетите е веќе почнат, но тоа може да ескалира следните два месеци кога ќе се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година. Од Стопанската комора потенцираат дека сите компании од регионот и пошироко добиваат помош од државата, додека македонските фирми се оставени сами да се снаоѓаат.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ја разбира тешката состојба во која се наоѓаат компаниите, но државата се уште нема договор за снабдување со гас од Србија, нема ниту детали дали земјата ќе добива струја од Бугарија и Турција. Иако беа најавени за претходната недела, Владата се уште ги крои мерките со кои треба да им помогне на фирмите и граѓаните да ја пребродат енергетската криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот