Стопанска комора го има најдобриот бизнис/корпоративен сајт за 2020 година

Оваа година, по единаесетти пат, македонската дигитална маркетинг агенција Медиа солушнс (Мedia Solutions) која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, со поддршка на Министерство за култура, го организираа изборот за сајт на годината.

Меѓу 533-те сајтови од целата држава, распределени во 19 категории, Стопанската комора на Македонија, која беше номинирана во категоријата „најдобар бизнис/корпоративен сајт”, го овои првото место, односно, на манифестацијата која на 16.12.2020 година се одржа онлајн, беше прогласена за победник во оваа категорија.

-Во име на тимот на Стопанската комора кој неуморно работеше на целосниот ре-дизајн на веб страницата кој стартуваше од јули годинава, сакаме да се заблагодариме на сите кои гласаа за нас и кои ни ја дадоа својата поддршка. Оваа награда ја посветуваме на нашите компании-членки кои и покрај сите предизвици со кои се соочуваат, во можеби најтешката година за живеење и работење предизвикана од светската пандемија со Ковид 19, покажаа упорност, борба, пожртвуваност и огромна општествена одговорност. Сајтот го креираме со многу голема стручност, професионализам, посветеност и знаење. Во него учествуваат не само експертските тимови кои директно работат на него, туку целиот коморски апарат распределен низ разните форми на организирање на Комората кои преку своите активности и информации кои ги пласираат создаваат платформа за поддршка на компаниите, наведуваат од Комората. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот