Стоп за европската Суперлига: ФИФА и УЕФА се закануваат со санкции!

Фото: EPA/MARKKU OJALA

Во соопштението се нагласува дека ниту еден клуб или играч кој би учествувал во Суперлигата нема да може да игра во натпреварувањата под ФИФА и другите континентални федерации.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и шест континентални федерации објавија дека нема да ја признаат таканаречената европска Суперлига која сакаат да ја организираат најмоќните клубови и која би била од затворен тип.

– Поради неодамнешните шпекулации во медиумите дека некои европски клубови би можеле да формираат Суперлига од затворен тип, ФИФА и шест континентални федерации (АФЦ, ЦАФ, КОНКАКАФ, КОНМЕБОЛ, ОФЦ, УЕФА) силно посочуваат дека таквото натпреварување нема да биде признаено од ФИФА или од која било континентална федерација – се наведува во заедничката изјава потпишана од претседателите на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин.

Идејата за создавање на Суперлига, која би била алтернатива за тековната Лига на шампиони, се споменува во медиумите веќе неколку години.

Така, во 2018 година германскиот „Шпигел“ објави дека Реал Мадрид учествувал во планирањето на Суперлигата, а подоцна се истакнува и влијанието на Барселона..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот