Стоногалки снимени како јадат птица

фото:pixbay

Големи месојадни стоногалки од Јужен Пацифик прв пат се снимени како јадат малечка птица. Стручњаците проценуваат дека овие инсекти годишно јадат и до 3700 мали птици.

Стоногалките од островот Филип, недалеку од Австралија се вистински машини за убивање – можат да пораснат до должина од 30 сантиметри и имаат оклоп кој им го штити телото, а на жртвите им вбризгуваат отров за да ги парализираат.

Научниците кои за новата студија објавена во списанието „Американски натуралист“ се занимавале токму со нивната исхрана, утврдиле дека стоногалките се главни предатори на тој остров и многу важен дел од екосистемот на островот на кој е уништена вегетацијата, откако во 18 век бил живеалиште за кози, овци, свињи.

Отако во 20век животните биле отстранети пораснал бројот на стоногалки и посебен вид мали црни птици. Овие птици се хранат од морето, а со нивно јадење стоногалките помагаат да се ослободат во природата важните материи кои помагаат да се обнови вегетацијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот