Стоматолозите го откажаа протестот

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Протестот на стоматолозите, кој беше закажан за среда (06.11.2019) е одложен, пренесе телевизија „Телма“.

Тие денеска се сретнаа со министерот за здрвство Венко Филипче, и му ги кажаа своите барања капитацијата да биде фиксна, а не по пациент. Преговорите ќе продолжат во петок, а дали ќе има некаков договор се очекува да се знае во средината на декември.

Дотогаш, работни групи од министерството и претставници на стоматолозите ќе преговараат за барањата на стоматолозите.

Стоматолозите уште пред една недела закажаа протест пред Министерството за здравство за на шести ноември напладне. Со слоганот „Да ја вратиме насмевката на стоматолозите“ да ги покажат барањата коишто ги имаат, а коишто се главно финансиски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот