Столтенберг загрижен поради последиците од турската акција во Сирија

Фото: Драган Митрески

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за последиците што може да ги предизвика турската воена офанзива во северна Сирија во однос на борбата против терористичката Исламска држава и стабилноста во регионот.

– Загрижен сум за последиците … во врска со напредокот што го постигнавме во борбата против нашиот заеднички непријател, Исламската држава – рече Столтенберг, нагласувајќи ја важноста за зачувување на ваквиот напредок.

Велика Британија и другите европски земји ја запреа продажбата на оружје на Анкара, откако започна воена операција во северна Сирија.

Столтенберг таквите постапки ги коментираше како „одраз дека многу сојузници на НАТО се многу критични и ја осудуваат воената операција во северна Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот