Столтенберг за стравот на Ескобар за кредибилноста на црногорската Влада: НАТО има строги протоколи за споделување инфромации

Фото EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

НАТО има строги протоколи за да обезбеди доверливост на информациите, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Запрашан да ја коментира изјавата на американскиот специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар, дека во НАТО постои вистински страв кога станува збор за споделување информации со новата црногорска Влада, тој кажа дека го цени придонесот на Црна Гора, но дека Алијансата ги чува информациите на сигурен начин.

-Црна Гора не стана членка на Алијансата толку одамна. Таа е многу ценет сојузник и го цениме придонесот што го дава кога станува збор за нашата колективна безбедност. Го поздравувам и присуството на министерот за одбрана на денешната средба на министрите за одбрана, рече Столтенберг, пренесе подгоричкиот весник „Побједа”.

На прес-конференцијата, по состанокот на министрите за одбрана во Брисел, Столтенберг изјави дека НАТО има строги механизми за чување податоци, но дека не може подетално да зборува за нив.

-НАТО има строги протоколи кога станува збор за споделување податоци. Не можам да зборувам за нив во детали, но во НАТО споделуваме информации на безбеден и сигурен начин, истакна Столтенберг.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот