Столтенберг за Си-Ен-Ен: Со Русија ни е потребен дијалог

Јенс Столтенберг/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Односите со Русија се од најголемо значење за НАТО и Алијансата зазема двонасочен пристап кон нив, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Си-Ен-Ен.

-Односите со Русија се од огромно значење за НАТО. НАТО верува во двонасочен пристап кон Русија и состанокот Бајден-Путин е во согласност со тој пристап. Ние мора да бидеме силни во одбраната и во исто време, потребен ни е дијалог со Русија. Русија е наш сосед, треба да разговараме со нив. Дури и ако не гледаме можност за подобрување на односите во догледно време, мора да ги одржиме овие тешки односи, рече тој.

Генералниот секретар на НАТО интервјуто го даде пред разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден, што денеска ќе се одржат во тесен и проширен формат во вила „Ла Гранж” во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот