Столтенберг вети помош за Киев за побрзо завршување на конфликтот

Обезбедувањето непречена долгорочна воена и економска помош за Киев ќе помогне да се стави крај на украинскиот конфликт што е можно поскоро, изјави за Би-Би-Си генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Треба да направиме сè што можеме, за да ѝ ветиме поголема долгорочна поддршка на Украина“, рече тој. „Колку е посилна нашата поддршка за Украина, толку побрзо ќе заврши војната“, истакна шефот на НАТО.

Столтенберг претходно изјави за Дејли Телеграф дека Алијансата започнала консултации за ставање на нуклеарни ракети во состојба на готовност. Тој нагласи дека НАТО останува нуклеарен сојуз кој гледа закани од Русија, Кина и Северна Кореја. Портпаролот на Кремљ рече дека овие изјави не се „ништо друго освен ескалација“.

„Ова не е ништо ново. НАТО има нуклеарно одвраќање откако ние сме основани и ние сме транспарентни за ова, така што нема никакви промени“, нагласи Столтенберг. Тој тврдеше дека тоа не е ескалација, „воопшто не“. Во исто време, тој ја обвини Русија дека наводно „ескалира со многу опасна нуклеарна реторика, но и со всушност закана дека ќе користи нуклеарно оружје во Украина“. „Нуклеарното оружје никогаш нема да се користи и нуклеарна војна никогаш нема да се води и не може да се добие“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот