Столтенберг: Србија како земја која нема амбиции за влез во НАТО, си носи сама одлуки

Фото: Драган Митрески

Србија, како воено неутрална земја која нема цел да влезе во НАТО, носи свои одлуки, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека е на Србија да одлучи каква телекомуникациска и цивилна инфраструктура сака да има.

Столтенберг ова го кажа во интервју за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето како ја коментира загриженоста за улогата на Кина во регионот кога станува збор за новата 5Г технологија.

Тој објасни дека земјите што се членки на НАТО или се стремат да влезат во Алијансата, како што е Македонија, мора да исполнуваат стандарди, вклучително и безбеден и сигурен начин на комуникација.

Столтенберг рече дека барањата што треба да се исполнат кога станува збор за цивилната инфраструктура и телекомуникации, како што е технологијата 5Г, не важат за земји кои не се членки.

– Можеме да ги замолиме или да ги советуваме, но останува на Србија да одлучи какви телекомуникации сака да има и како сака да ја организира својата цивилна инфраструктура – рече Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот