Столтенберг: Се работи на решавање на спорот со Турција, но НАТО сепак има план за одбрана на балтичките земји

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека не е во ред да постои сомнеж во безбедносната гаранција на Западната алијанса, но дека тој работи на решавање на спорот со Турција околу сојузничките планови за одбрана на Балтикот.

На прашањето дали проблемот може да се реши до крајот на самитот во Лондон, тој рече дека тоа не може да го вети, но дека може да каже оти се работи на тоа.

– Меѓутоа, тоа не е како НАТО да нема план за одбрана на балтичките земји, рече Столтенберг.

По појадокот со американскиот претседател Доналд Трамп, тој рече дека НАТО и натаму има силна поддршка во Соединетите Американски Држави и го наведе „големиот парадокс” дека луѓето додека ја доведувале во прашање трансатлантската врска, граѓаните го поддржувале НАТО.

– Имаме лоша реторика, но исклучително добра суштина, истакна Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот