Столтенберг се надева на заедничко решение со Русија

Јенс Столтенберг
Генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/ Фото: Архива на Слободен печат

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е можно да се најде политички пат кон напредок со заеднички сили со Русија, но и да се реши загриженоста на Москва, додавајќи дека се уште постои ризик од конфликт.

– Мораме да работиме напорно и да се надеваме на најдоброто, но и да се подготвиме за најлошото, изјави тој за „Фајненшл тајмс”.

Тој додаде дека Алијансата е подготвена за „нов вооружен конфликт во Европа” доколку преговорите пропаднат, во време кога западните власти се подготвуваа за потенцијални разговори со Москва за намалување на воените вежби, контролата на вооружувањето и ветувањето дека нема да инсталираат американски ракети во Украина.

– Свесен сум за руската историја. Со векови минувале низ конфликти со своите соседи. Но, Русија има алтернатива – да соработува, да работи со НАТО, додаде тој. Столтенберг вели дека очекува дека ќе биде неопходно да се одржат „низа состаноци” за да се најде заемно прифатливо решение.

Тој додаде дека НАТО сака да се стреми кон подобри односи. И претходно докажавме дека сме способни за компромиси и да наоѓаме решенија со Русија, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот