Столтенберг: Русија не смее да победи во Украина

Јенс Столтенберг/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

На Русија не треба да и се дозволи да победи во војната во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесуваат британските медиуми.

-Во наш интерес е овој вид на агресивна политика да не успее, рече тој во говорот пред партискиот подмладок на Работничката партија во неговата родна Норвешка.

Војната на Русија во Украина е напад на актуелниот светски поредок, посочи Столтенберг. Тој изјави дека Европа се наоѓа во „најопасната ситуација за неа од Втората светска војна”.

Столтенберг додаде дека доколку рускиот претседател Владимир Путин реши да направи нешто слично со земја од НАТО, тогаш целата Алијанса ќе одговори.

Генералниот секретар на НАТО говореше на состанокот на млади активисти организиран од Норвешката работничка партија на островот Јутоја, во областа Осло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот