Столтенберг: Различните мислења во НАТО не се нешто необично

Јенс Столтенберг Финска Шведска
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON

Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на актуелното одбивање на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО.

„Не е невообичаено во НАТО да има различни мислења за важни одлуки. Кога има различни мислења, имаме големо искуство со тоа, седнуваме и наоѓаме решение“, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на Копенхаген.

„Ние сме во близок контакт со Финска, Шведска и Турција. Работиме на причините за загриженоста изразена од Турција“, додаде тој.

Столтенберг нагласи дека верува во „брза одлука” за прием на двете земји во НАТО.

Шведска и Финска во средата ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО. Турција се спротивстави, обвинувајќи ги дека двете земји дека кријат и финансираат „терористи”, како и дека ги снабдуваат со оружје, зборувајќи за милитантната Курдската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ), за кои тврди дека се тесно поврзани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот