Столтенберг разговарал со Заев: Наскоро Северна Македонија се придружува во Алијансата

Фото: Драган Митрески

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот Твитер профил напиша дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, во врска со посветеноста за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

– Имав добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за да ја реафирмираме посветеноста на НАТО за приклучување на Северна Македонија.

Процесот на ратификација е на добар пат, очекуваме Северна Македонија наскоро да се придружи во Алијансата, напиша Столтенберг на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот