Столтенберг останува шеф на НАТО уште една година поради војната во Украина

Јенс Столтенберг
Генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/ Фото: Архива на Слободен печат

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе остане на функцијата уште една година поради војната во Украина, соопшти денеска Алијансата, пренесе ДПА.

Столтенберг, кому годинава му завршуваше мандатот на чело на Алијансата,  од септември требаше да ја преземе функцијата гувернер на Народната банка на Норвешка, за што имаше согласност од норвешката Влада.

Меѓутоа, кризата во Украина, се чини, ги смени плановите за ротирање на челното место на НАТО, па тоа што пред две недели срамежливо беше навестено, за останувањето на Столтенберг на функцијата уште извесен период, денеска и официјално е потврдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот