Столтенберг: НАТО треба да стане поглобален сојуз поради подемот на Кина

Јенс Столтенберг
Генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/ Фото: Архива на Слободен печат

Според него, новиот закон „ја поткопува идејата за една држава – два система”.

Со оглед на растечката улога на Кина во светот, НАТО треба да соработува поактивно со партнери како Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германската медиумска куќа Редакционснетсверк Дојчланд (РНД).

– Што се однесува до позицијата на НАТО за Кина, ние треба да правиме разлика помеѓу военото присуство и политичките иницијативи. Јас сум за нов „паметен” политички пристап на глобално ниво – пораспространето НАТО. Глобалниот баланс на силите се менува и ние треба да ја одржиме нашата технолошка предност, рече Столтенберг, истакнувајќи дека Кина сега е на пат да стане лидер, особено во областа на вештачката интелигенција.

Генералниот секретар на Алијансата, исто така, ги критикуваше постапките на Пекинг во Хонг Конг, во однос на усвојување на законот за национална безбедност во овој специјален административен регион на НР Кина.

– Кина на тој начин демонстрира дека не ги споделува нашите идеи за вредности, рече Столтенберг.

Според него, новиот закон „ја поткопува идејата за една држава – два система”.

Во исто време, Столтенберг нагласи дека „Кина не е нов противник на НАТО”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот