Столтенберг: НАТО соработува со одбранбената индустрија заради обезбедување повеќе оружје за Украина

Јенс Столтенберг / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL

Членките на НАТО тесно соработуваат со одбранбениот сектор за да обезбедат Украина да добие повеќе залихи со оружје и опрема и да е подготвена за долготрајна војна со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Обезбедуваме голема поддршка, но мораме да направиме уште повеќе и да се подготвиме за подолг рок, рече Столтенберг. – Затоа, сега сме во близок контакт и тесно соработуваме со одбранбената индустрија за да произведеме повеќе и да испорачаме повеќе различни видови муниција и оружје за зајакнување на одбранбениот капацитет“, рече тој.

Во последниве месеци, САД и другите западни земји почнаа да ја снабдуваат Украина со понапредни конвенционални системи оружје, вклучително и високомобилни артилериски ракетни системи (HIMARS) кои се попрецизни и имаат поголем дострел.

Во одделен говор пред активистите на Норвешката Лабуристичка партија, Столтенберг рече дека руската инвазија на Украина доведе до најопасниот момент за Европа од крајот на Втората светска војна и дека Русија не смее да победи. Тој, исто така, го обвини рускиот претседател Владимир Путин за „непромислена и опасна” реторика во врска со потенцијалната употреба на нуклеарно оружје. Столтенберг го повтори својот став дека војната најверојатно ќе заврши дури по преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот