Столтенберг: НАТО нема да ги повлече војниците од земјите кои се приклучија по 1997 година

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за канадскиот телевизиски канал СВС ги објасни клучните позиции на Алијансата во однос на односите со Русија.

– НАТО не може со сигурност да каже какви се намерите на Русија во ситуацијата околу Украина. Може да има промена во плановите. Значи постојат шпекулации за ова прашање, но нема гаранции. Знаеме за значително зголемување на руската војска, распоредување на десетици илјади војници и тешка опрема. Слушаме и многу заканувачки реторики, истакна Столтенберг одговарајќи на прашањето колку е сериозна заканата од руска инвазија на Украина.

Тој нагласи дека „НАТО никогаш нема да се согласи да ги повлече своите трупи од земјите кои се приклучија на блокот по 1997 година, бидејќи тоа ќе ги направи членки на Алијансата од втор ред”.

– Сојузниците на НАТО не можат да прават компромиси за основниот принцип на европската и меѓународната безбедност. Фактот дека секоја земја има право да го избере својот пат, да одлучи сама дали сака да се приклучи на сојуз како НАТО или не, всушност е основен принцип, додаде Столтенберг.

– Се разбира, не можеме да се согласиме дека не треба да имаме војници на НАТО во сите земји кои се приклучија на блокот по 1997 година. Ова во суштина значи дека половина од нашите членки нема да можат да бидат заштитени од војниците на НАТО. Тогаш тие ќе бидат нешто како членки на НАТО од втор ред, а тоа никогаш нема да го дозволиме, изјави генералниот секретар на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот