Столтенберг: НАТО ќе ја забрза испораката на помош на најпогодените сојузници од коронавирусот

НАТО ќе ја забрза испораката на медицинска помош на сојузниците кои се најмногу погодени од вирусот, но мора да се фокусира на одбрана на Европа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Министрите за надворешни работи на НАТО утре ќе разговараат за мерките за помош, преку видео-конференција , прва откако земји како што се Турција и Чешка започнаа да испорачуваат залихи за Италија и Шпанија.

– Ние ја мобилизираме поддршката на сојузниците со слободен капацитет да им помогнеме на оние кои имаат очајна потреба, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс.

Тој додаде дека турски авион денеска ќе испорача медицинска опрема за Шпанија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот