Столтенберг: НАТО е агилно, активно и се прилагодува

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги отфрли француските критики дека НАТО е во „состојба на мозочна смрт”, истакнувајќи дека таа организација се прилагодува на модерните предизвици.

– НАТО е агилно, НАТО е активно, НАТО се прилагодува, изјави Столтенберг пред состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и другите шефови на држави од НАТО во луксузно одморалиште близу Лондон.

Столтенберг посочи дека европските сојузници и Канада додале 130 милијарди долари на своите трошоци за одбраната од 2016 година. Според него тоа е одлука која е без преседан и која ја прави Алијансата посилна.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт”, образложувајќи го тоа со намаленото американско ангажирање и однесувањето на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот