Столтенберг: На 12 јануари ќе се одржи седница на Советот НАТО – Русија

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

 Седницата на Советот НАТО – Русија ја закажав на 12 јануари за да разговараме за европските безбедносни прашања, посебно за ситуацијата во и околу Украина, и за прашања поврзани со медиумската и информатичката писменост, реципрочната транспарентност и активностите за намалување на ризикот, една смислена програма за дијалог во интерес на сите нас, објави на Твитер, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

 

Тој нагласи дека НАТО никогаш нема да направи компромис со Русија за правото на Украина „сама да го избере својот пат” и да претендира на членство во Алијансата, како и правото на земјите од НАТО да ги бранат другите земји-членки на Северноатлантската алијанса.

На 7 јануари министрите за надворешни работи на НАТО ќе имаат виртуелна средба на која ќе разговараат за барањата на Русија и за европските безбедносни прашања.

Додека на 12-13 јануари Брисел ќе биде домаќин на состанокот на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови на сојузниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот