Столтенберг: Лукашенко ги загрозува животите на мигрантите

Мигранти на полско-белоруската граница
Фото: EPA-EFE/MAXIM GUCHEK

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО е длабоко загрижен поради стратегијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко со која ги загрозува животите на мигрантите. На границата меѓу Белорусија и Полска има неколку илјади мигранти, кои сакаат да влезат Европската унија.

– Длабоко сме загрижени поради начинот на кој режимот на Лукашенко ги користи ранливите мигранти како тактика против другите земји и ги загрозува животите на мигрантите, изјави лидерот на воената алијанса.

– Ние сме солидарни со Полска и другите сојузници, изјави Столтенберг пред новинарите кога пристигна на состанокот со министрите за одбрана на ЕУ.

Лукашенко на германската канцеларка во технички мандат Ангела Меркел во телефонски разговор и понудил опции за решавање на мигрантската криза. Меркел и Лукашенко се договориле да не даваат детали од вчерашниот телефонски разговор, пренесуваат локалните медиуми.

Белорускиот претседател рече дека Меркел за прашањето на мигрантите ќе разговара со претставници на земјите членки на ЕУ, а потоа Лукашенко и таа повторно ќе разговараат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот