Столтенберг ја поздрави ратификацијата од турскиот Парламент на приклучувањето на Финска кон НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа ја поздрави ратификацијата од страна на турскиот Парламент на членството на Финска во Алијансата, изјавувајќи дека тоа ќе го направи „семејството на НАТО посилно и побезбедно“, пренесоа француските меидуми.

„Го поздравувам гласањето на турскиот Парламент за комплетирање на ратификацијата на членството на Финска. Тоа ќе го направи целото семејство на НАТО посилно и побезбедно“, напиша генералниот секретар на НАТО на својот налог на Твитер.

Со синоќешната одлука на Турција апликацијата на Финска за членството во Алијансата веќе е одобрена од сите 30 земји-членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот