Столтенберг: Историјата покажа дека бомбардирањето врз Србија беше неопходно

Фото: Драган Митрески

Генералниот секретар на НАТО, истакна дека бомбардирањето на соседна Србија во 1999 година било неопходно и легитимно, бидејќи на тој начин се прекинало насилството. – Историјата покажа дека бомбардирањето на СРЈ во 1999 година беше неопходно и легитимно бидејќи го прекина насилството, а бегалците можеа да се вратат дома, додека КФОР помогна да се создаде безбедна средина во Косово за сите, вклучително и српските заедници – смета Столтенберг.

– Знам дека НАТО се уште предизвикува контроверзи во Србија, а многумина се уште имаат болни спомени од воздушната кампања во 1999 година. Уште потешко за оние што ги изгубија најблиските. Секој изгубен невин живот е трагедија, а ние длабоко жалиме поради тоа – вели Јенс Столтенберг за „Политика“.

– Таа кампања никогаш не беше насочена против српскиот народ – додава Генералниот секретар на НАТО.

– Напротив, целта беше да се заштитат цивилите во поширокиот регион со запирање на активностите на режимот на Милошевиќ, што ги осуди меѓународната заедница. Ние никогаш не смееме да го заборавиме минатото, но мора да научиме од него и да го оставиме зад себе – нагласи Столтенберг.

Тој додаде дека тоа е она што НАТО и Србија го прават преку партнерството, е корисно за НАТО, за Србија и за поширокиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот