Столтенберг го покани Зеленски на самитот на НАТО

Зеленски и Столтенберг во 2019 година/ Фото EPA-EFE/STEPAN FRANKO

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да учествува на самитот на лидерите на Алијансата на крајот на месецов во Мадрид.

„Зеленски, се разбира, е добредојден да дојде лично. Ако тоа не е можно за него, тој ќе ни се обрати преку видео-конференција”, рече Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел.

Тој нагласи дека „лидерите на НАТО се исклучително посветени да ја поддржат Украина и да ја покажат таа солидарност не само со зборови, туку и со дела”.

Зеленски веќе им се обрати на 30-те шефови на држави и влади на НАТО преку видео-врска на нивниот последен самит во март во Брисел по руската инвазија на Украина.

Столтенберг, исто така, најави дека очекува лидерите на НАТО на состанокот во Мадрид да одлучат за понатамошна поддршка за Украина за да и помогне на нејзината воена транзиција од опрема од советската ера на модерно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот